• петок, 22 ноември 2024

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по една година престој во странство се врати во Кина

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по една година престој во странство се врати во Кина

Пекинг, 27 март 2023 (МИА) - Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по повеќе од една година престој во странство се врати во Кина, соопшти денеска весникот „Саут Чајна Морнинг пост“.

Ма, еден од најистакнатите кинески претприемачи, ја напушти Кина на крајот на 2021 година и последните месеци беше виден во Јапонија, Австралија и Тајланд.

Кон крајот на 2020 година тој се повлече се јавноста откако го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Додека кинеските власти во последните месеци изјавуваа дека го намалиле притисокот и дека ќе бараат начини да го поддржат приватниот сектор, кинеските претприемачи наведуваат дека одлуката на Ма да остане во странство е фактор што ја поткопува довербата.

По објавувањето на веста во кинескиот весник акциите на „Алибаба“ во Хонг Конг пораснаа за повеќе од четири отсто.

Весникот не соопшти кога Џек Ма се вратил во Кина, но цитира извори кои велат дека го посетил училиштето што го основал во градот Хангжу, каде што се наоѓа централата на „Алибаба“ и финансиската компанија „Ant Group“. Изданието додава дека Ма се вратил во Кина по краткиот престој во Хонг Конг.

Британските медиуми наведуваат дека неодамна Ма се откажал од контролата во „ Ant Group“, кинескиот гигант во областа на компјутерската поддршка на банкарските и финансиските услуги. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан