• понеделник, 23 декември 2024

Османи – Џаферовиќ: Скопје и Сараево делат заеднички ставови за иднината на регионот

Османи – Џаферовиќ: Скопје и Сараево делат заеднички ставови за иднината на регионот
Скопје, 15 април 2022 (МИА) - Северна Македонија и Босна и Херцеговина делат заеднички ставови за иднината на регионот, преку заокружување на нашата европска перспектива, како дел од нашето политичко наследство и одговорност, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи, по неговата денешна средба во Сараево со претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ. - Исто така ја изразив нашата цврста определба дека Дејтонскиот мировен договор е камен-темелник за мирот и просперитетот на БиХ и на целиот регион, додава Османи во објавата. Според Османи, Северна Македонија и Босна и Херцеговина имаат блиски и пријателски односи, кои посакуваат дополнително да ги зајакнат во интерес на двете држави и нивните граѓани. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан