• сабота, 21 декември 2024

Османи: Подаваме рака кон оние на кои во моментов тоа им е најпотребно

Османи: Подаваме рака кон оние на кои во моментов тоа им е најпотребно
Скопје, 18 август 2021 (МИА) - Донесовме одлука да подадеме рака кон оние на кои во моментов тоа им е најпотребно. Тоа се луѓето од Авганистан, наши сојузници и нивните семејства, истакна во објава на Фејбук министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејбук. Да се биде солидарен, напиша Османи,  не значи само да се повторуваат пораките за солидарност, туку да се преземат дела кога е тоа потребно, особено кон оние на кои тоа им е најпотребно! -Ние сме солидарна држава и тоа сме го покажале многупати досега. Ништо поразлично не правиме ниту сега. Донесовме одлука да подадеме рака кон оние кои во моментов тоа им е најпотребно. Тоа се луѓето од Авганистан, наши сојузници и нивните семејства. Тоа се наши пријатели, луѓе како нас, кои ги делат нашите вредности, и на кои не по нивна вина денес им е загрозен животот и нивната безбедност. И ова не го правиме сами, туку е ова израз на нашата солидарност заедно со нашите сојузници - затоа што сме партнери и во добро и во лошо. Заедно влеговме и заедно излеговме од Авганистан – и сега заедно ќе ја преминеме и оваа криза, и овој предизвик. Утре е националниот ден на Авганистан. Честитајќи им го овој ден на сите Авганистанци сакам да порачам – Република Северна Македонија останува ваш пријател, стои во објавата на Османи.лв/

Остани поврзан