• понеделник, 23 декември 2024

Османи - Пич: Продолжува добрата соработка и силната поддршка од Обединетото Кралство

Османи - Пич: Продолжува добрата соработка и силната поддршка од Обединетото Кралство

Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан, сер Стјуарт Пич, кој е во дводневна работна посета на Република Северна Македонија.

Османи на средбата го поздрави интензивниот ангажман на Пич во регионот на Западниот Балкан, што е потврда за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на регионот, соопшти МНР.

Министерот го запозна специјалниот пратеник Пич со процесот на отпочнувањето на преговорите со Европската унија и отворањето на процесот на скрининг, уверувајќи дека ќе придонесе за напредок во евроинтеграциите, преку стабилен прогрес во имплементацијата на ЕУ реформите во земјата.

Двајцата соговорници се осврнаа на успешната соработка меѓу двете земји  и во други области од заемен интерес. Обединетото Кралство продолжува да биде нашиот втор најголем трговски партнери еден од најголемите странски директни инвеститори во земјава.

Специјалниот претставник Пич, од своја страна, увери дека Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија и процесот на одржување на безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан, со цел надминување на сите ризици и последици, предизвикани со војната во Украина. Ја поздрави улогата и цврстата посветеност на Северна Македонија како сојузник во НАТО во насока на зачувување на глобалниот мир и безбедност, соопшти МНР.са/дма/

Остани поврзан