Османи од утре на Минхенската безбедносна конференција
- Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција.
Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција.
Како што соопшти МНР, министерот ќе има обраќање на панелот на тема „Иднината на Западен Балкан – Предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”.
-На маргините на Минхенската безбедносна конференција, Османи ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји, соопшти Министерството за надворешни работи. хс/ев/
Фото: МИА архива