• сабота, 21 декември 2024

Османи: Обезбедуваме поддршка за заштита и промоција на јазичните и културни особености на Македонците во Албанија

Османи: Обезбедуваме поддршка за заштита и промоција на јазичните и културни особености на Македонците во Албанија
Скопје, 29 август 2022 (МИА) – Северна Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, објави мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, на негвиот фејсбук профил за денешната посета на Македонците во месноста Голо Брдо во Албанија. -Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо, стои во објавата. Османи во својата објава воедно изрази и благодарност за одличната соработка со албанските институции, ѝ нивната поддршка за македонското национално малцинство во Албанија. Посетата на министерот Османи следи по актуелните тврдења на претставници од македонската заедница во Албанија дека се соочуваат со притисоци да се попишат како Бугари на претстојниот попис, закажан во октомври. смс/вг/  

Остани поврзан