• вторник, 05 ноември 2024

Османи на состанок на САД-А5: Забрзување на евроинтеграциите значајна инвестиција во регионалната и европска безбедност

Османи на состанок на САД-А5: Забрзување на евроинтеграциите значајна инвестиција во регионалната и европска безбедност
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк, учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на групата САД - Јадранската повелба (А5). Како што соопшти МНР, на состанокот во организација на Црна Гора, како актуелен претседавач со Повелбата, стана збор за регионалните состојби, актуелната безбедносна ситуација во глобални рамки, како и новите предизвиците и безбедносни импликации од руската воена инвазија на Украина. Во своето обраќање Османи истакна дека Северна Македонија го презема претседавањето со А5 идната година, кога се одбележува и 20-годишнината од основањето на регионалната организација. Воедно, тој ги поздрави постигнувањата на Повелбата во успешното исполнување на стандардите и критериумите и соодветно зачленување на четири земји од А5 во НАТО. Тој дополнително ја нагласи важноста и од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од регионот, како особено значајна инвестиција во целокупната регионална и европска безбедност. - Отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија ја нагласи важноста на политиката на проширување, како еден од најуспешните проекти за зајакнување на европското единство и консолидирање на безбедносните и демократските принципи и вредности. Новото поглавје во односите со ЕУ претставува охрабрувачка порака за евроинтегративните процеси на останатите земји од Западен Балкан, што е особено значајно во контекст на новата геополитичка реалност, потенцира Османи.

Воедно, Османи ја поздрави силната поддршка на САД за активностите на Повелбата, изразувајќи благодарност за континуираниот американски ангажман за зачувување на регионалната стабилност и евроатлантската перспектива на земјите од Западен Балкан, стои во соопштението. вг/сп/

Остани поврзан