• понеделник, 23 декември 2024

Османи на Самит на франкофонијата во Тунис

Османи на Самит на франкофонијата во Тунис
19 ноември 2022 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на денешниот Самит на шефови на држави и влади на Франкофонијата, што се одржува во островот Џерба, Тунис, оствари серија билатерални средби со бројни светски лидери, меѓу кои и со канадскиот Премиер, Џастин Трудо, како и со Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

 Во рамките на средбите, покрај темите на Самитот на франкофонијата, Османи ги искористи за размената на мислења за актуелните теми поврзани со европските интеграции на земјата, геополитичките предизвици во рамките на сојузништвото во НАТО, како и за приоритетите на претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

 Светските лидери на земјите членки на Франкофонијата два дена беа собрани во Џерба, Тунис, на Самитот на франкофонијата што за прв пат се одржува во северноафриканска арапска земја, а каде учествуваа шефови на држави и влади на 88 земји од 5 континенти.

  Министерство за надворешни работи  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан