• понеделник, 23 декември 2024

Османи и Галовеј ќе потпишат Спогодба за партнерство, трговија и соработка

Османи и Галовеј ќе потпишат Спогодба за партнерство, трговија и соработка

Скопје, 3 декември 2020 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј денеска во МНР ќе потпишат Спогодба за партнерство, трговија и соработка меѓу двете држави.

Со оваа Спогодба, посочуваат од МНР, се уредуваат трговските односи меѓу двете држави по излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија.

- Спогодбата воспоставува правна основа на идните трговски односи меѓу двете држави, кои во моментот се одвиваат согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Со неа се обезбедува целосен континуитет на трговските односи без промени на досегашните услови и ќе се применува по истекот на преодниот период договорен меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, кој во моментот е предвиден за 31 декември 2020 година, наведуваат од МНР.фф/вг/

Остани поврзан