• понеделник, 23 декември 2024

Османи: Како претседавач на ОБСЕ го поздравувам ослободувањето на тројцата косовски полицајци

Османи: Како претседавач на ОБСЕ го поздравувам ослободувањето на тројцата косовски полицајци

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) - Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ја поздрави одлуката на судот во Србија за ослободување на тројцата косовски полицајци и упати повик за спроведување на Патоказот за деескалација на ситуацијата. 

-Како претседавач со ОБСЕ, ја поздравувам одлуката за ослободување на тројцата косовски полицајци и ги повикувам страните да започнат со спроведување на Патоказот што го предложив за деескалација и нормализација. ОБСЕ е тука да го поддржи овој процес, објави Османи на неговите профили на Фејсбук и на Твитер.

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ја поздрави одлуката на судот во Србија за ослободување на тројцата косовски полицајци и упати повик за спроведување на Пато

Вишиот суд во Краљево денеска го потврди обвинението против тројцата припадници на косовската полиција и донесе одлука со која на обвинетите им е укинат притворот и тие ќе се бранат од слобода. 

Според наредбата на Вишото јавно обвинителство во Краљево од 16 јуни, против тројцата е покрената истражна постапка под сомнение дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Првично, судот донесе одлука за 30 - дневен притвор на тројцата полицајци, кои беа уапсени од српската полиција на 14 јуни. вг/бак/

Остани поврзан