• петок, 22 ноември 2024

Османи во Рим на средба со министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на ЗБ"

Османи во Рим на средба со министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на ЗБ

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи во техничката Влада, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, каде што ќе учествува на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на државите од Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема „Заедничка работа за забрзување на евро-интегративниот процес за Западен Балкан".

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата, Османи ќе има средба и со новите носители на МКарта во Италија. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан