• понеделник, 23 декември 2024

Османи во прва официјална посета на Саудиска Арабија

Османи во прва официјална посета на Саудиска Арабија
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.
За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата.
Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, со посебен фокус на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји. дма/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан