• понеделник, 23 декември 2024

Османи-Коломина: Забрзување на евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан како влог во регионалната стабилност

Османи-Коломина: Забрзување на евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан како влог во регионалната стабилност

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со заменик помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика и специјален претставник на Генералниот секретар на НАТО за Кавказ и Централна Азија, Хавиер Коломина.

Како што соопшти МНР, во фокус на средбата беа безбедносните состојби во Западен Балкан, при што заедничко беше констатирана потребата од синхронизирано делување на НАТО и ЕУ на нашите простори со цел забрзување на процесите на евроатлантска интеграција.

Според соговорниците, ваквиот чекор е клучен за зајакнување на регионалната стабилност, а воедно ќе го спречи делувањето на трети земји во нашиот регион. Во овој контекст, Османи ја потврди силната посветеност на Северна Македонија кон политиката на НАТО на отворени врати.

-Ја истакнав и улогата на Северна Македонија како актуелен претседавач со САД – Јадранската Повелба или позната како А5, во насока на поттикнување на евроатлантските интеграции на земјите од регионот и зачувување на регионалната безбедност. Ние како претседавачи во тесна координација со земјите членки ја поставивме основата за креирање нов Стратешки концепт на А5, чија главна цел е зајакнување на соработката на земјите од Повелбата кои се членки на НАТО, како и овозможување поголем ангажман и доближување до вредностите на Алијансата на земјите од А5 кои не се НАТО членки, рече Османи. мд/дма/

Фото: МНР

Остани поврзан