• петок, 05 декември 2025

Ослободени повеќе од 30 војници киднапирани од вооружени цивили во Колумбија

Ослободени повеќе од 30 војници киднапирани од вооружени цивили во Колумбија

Богота, 29 август 2025 (МИА) - Ослободени се повеќе од 30 војници кои на 25 август беа киднапирани од вооружени цивили во џунглите на југоисточна Колумбија, изјави вчера министерот за одбрана Педро Санчез.

Војниците беа киднапирани по судирите во руралниот дел од општината Ел Реторно, во кои беа убиени 11 герилци, вклучувајќи го и командантот на дисидентска фракција на поранешната бунтовничка група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК). Министерот додаде дека 33 војници биле киднапирани непосредно пред евакуацијата на областа.

Џунглата е упориште на дисидентската фракција ФАРК, која го отфрли мировниот договор од 2016 година. Областа се смета за стратешки коридор за трговијата со дрога и е позната по своите култури кока, кои се користат за производство на кокаин.

Властите ја обвинуваат групата за регрутирање малолетници и вршење притисок врз цивилите да се спротивстават на присуството на државните сили. Киднапирањата на припадници на вооружените сили се вообичаени во Колумбија по шестдеценискиот конфликт во кој загинаа повеќе од 450.000 лица.

Левичарскиот претседател Густаво Петро започна во 2022 година мировна стратегија за запирање на судирите. Групите за човекови права тврдат дека планот досега не покажал многу резултати.сд/

фото:Х

Остани поврзан