• петок, 30 август 2024

Осимен блиску до преселба во Ал-Ахли, преговара и со Челси

Осимен блиску до преселба во Ал-Ахли, преговара и со Челси

Неапол, 30 август 2024 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е блиску до преселба во Ал-Ахли, пренесе Фабрицио Романо.

Според изворот, саудискиот клуб го договорил трансферот на 25-годишниот Нигериец, а зделката ќе чини 75-80 милиони евра.

Сепак, стрелецот се уште не се договорил со саудискиот клуб, бидејќи преговара и со англискиот Челси.

Осимен настапува за Наполи од 2020 година. За тимот забележа 133 настапи, постигна 76 голови и 18 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан