• понеделник, 23 декември 2024

Осака се повлече од финалето на Мастерсот Синсинати, Азаренка стана победник на турнирот

Осака се повлече од финалето на Мастерсот Синсинати, Азаренка стана победник на турнирот
Њујорк, 29 август 2020 (МИА) - Јапонската тенисерка Наоми Осака поради повреда нема да може да учествува во финалето на турнирот во Синсинати, се наведува на официјалната веб-страница на ВТА. Осака има повреда на тетивата, што ја спречува 22-годишната тенисерка да излезе на теренот. Така, 31-годишната Белорусинка, Викторија Азаренка стана победник на Мастерсот. - Жал ми е што нема да можам да играм денес поради повреда, добиена во полуфиналето. Ви благодарам на сите за поддршката во текот на оваа емотивна недела, напиша Осака на Твитер. Турнирот што годинава се одржува во Њујорк се игра за награден фонд од 1,9 милиони долари. Во тек е машкото финале во кое се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ. зс/

Остани поврзан