• петок, 20 декември 2024

Осака се повлече од турнирот во Токио

Осака се повлече од турнирот во Токио

 

Токио, 18 октомври 2024 (МИА) – Четирикатната грен слем победничка, Јапонката Наоми Осака (27) го откажа настапот на ВТА турнирот во Токио кој почнува следната недела поради повреда на грбот.

Осака, исто така, го откажа својот настап во Осака претходно оваа недела, а отсуствува од терените откако го загуби осминафиналето во Пекинг на почетокот на месецот.

Нејзиното појавување на „Кина опен“ беше нејзиниот прв турнир под водство на Патрик Муратоглу, Французинот најпознат по тоа што долги години беше тренер во минатото на Серена Вилијамс.

Осака освои седум турнири во досегашниот тек од нејзината кариера, вклучително и четири грен слем титули – двапати на УС Опен (2018, 2020 година) и двапати на Австралија Опен (2019, 2021 година). ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан