• недела, 22 декември 2024

Осака се повлече од турнирот во Токио

Осака се повлече од турнирот во Токио


Токио, 7 октомври 2024 (МИА) – Поранешната најдобра светска тенисерка, Јапонката Наоми Осака, се повлече поради повреда од ВТА турнирот во Токио, објавија организаторите денеска, една недела пред почетокот на турнирот.
Четирикатната грен слем шампионка, 26-годишната Осака, чии игри беа доста охрабрувачки последните недели, мораше да се повлече минатата недела во осминафиналето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг против Американката Коко Гауф, поради болки во грбот.
Осака, која се искачи за 15 места на ВТА ранг-листата објавена во понеделникот (ВТА-58), се огласи на социјалните мрежи во тоа време за да објасни дека доживеала „блокада во грбот на тренинзите“ пред да загуби од Гауф. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан