• петок, 22 ноември 2024

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот
Будимпешта, 31 јануари 2020 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го обвини американскиот финансиер Џорџ Сорос и неговата мрежа за организирање на миграцијата низ целиот Балкан, пренесе унгарската агенција МТИ. Во своето редовно интервју на јавното радио Кошут во петок наутро, Орбан рече дека организациите финансирани од Џорџ Сорос се вмешани во организирањето на миграцијата. Орбан го окарактеризира Сорос како „светски олигарх број еден“ кој финансира невладини организации, групи и активисти во мрежи. Тој рече дека „политичарите кои Сорос ги изнајмува“ се залагаат за миграција, додека Унгарија се противи на тоа. паг/

Остани поврзан