• петок, 22 ноември 2024

Орбан пристигна во Сараево, по што ќе замине во Бања Лука, каде Додик ќе го одликува

Орбан пристигна во Сараево, по што ќе замине во Бања Лука, каде Додик ќе го одликува

Бања Лука, 4 април 2024 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во Сараево, каде што се сретна со претседателката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кристо (ХДЗ БИХ).

Предвидено е Орбан да се сретне и со членовите на Претседателството на БиХ, по што ќе отпатува за Бања Лука, каде ќе се сретне со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Додик, како што најави, на Орбан ќе му врачи орден со кој го одликува по повод 9 јануари, Денот на РС, кој Уставниот суд го прогласи за неуставен. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан