• недела, 22 декември 2024

Орбан: Мировната мисија за Украина добро напредува, планираното е постигнато

Орбан: Мировната мисија за Украина добро напредува, планираното е постигнато

Будимпешта, 18 јули 2024 (МИА) - Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека неговата „мировна мисија“ за Украина добро напредува и дека засега е постигнато она што беше планирано.

Пристигнувајќи на четвртиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во палатата Бленим кај Оксфорд, Орбан, коментирајќи ги неговите неодамнешни разговори за постигнување мир во Украина, Орбан рече дека решението на конфликтот не е на бојното поле.

„Многу земји мислат дека можат да ги уништат Русите со воена сила. Не се согласувам со тоа. Ги познавам и Русите и Украинците. Решението не е на бојното поле“, рече Орбан. рп/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан