• понеделник, 23 декември 2024

Орбан: Африканците треба да имаат иднина во Африка

Орбан: Африканците треба да имаат иднина во Африка
Будимпешта, 30 октомври 2020 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан коментирајќи го вчерашниот  терористички напад во Ница, изјави дека Африканците треба да имаат иднина во Африка. Тој додаде дека држава која не сака да доживее слично искуство како во Франција мора да забрани влез на мигрантите. - Доколку не сакаме да видиме случаи како тој во Ница, не смееме да дозволиме влез на мигранти. Унгарската Влада не смее да дозволи Брисел да наметнува правила под кои треба да се дозволи влез на луѓето кои не сакаме да ги видиме, а потоа да одиме на погреби, посочи Орбан. ми/

Остани поврзан