• четврток, 27 јуни 2024

Општинскиот весник „Аеродром“ од денеска во електронско издание

Општинскиот весник „Аеродром“ од денеска во електронско издание
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Општинскиот весник „Аеродром“ од денеска за првпат почна да излегува единствено во електронска форма. Како што соопштија општинските власти, ова е уште еден чекор кон дигитализација на услугите во рамките на проектот „Смарт Аеродром“. - Општина Аеродром преминува кон современ дигитален начин на комуникација со граѓаните. Одлуката да се престане со печатење на весникот има цел не само да ги намали трошоците од општинскиот буџет, туку и да се исфрли од употреба хартијата, со што се придонесува и кон заштита на животната средина, се наведува во соопштение на Општината. Оттаму посочуваат дека во најновото електронско издание на весникот се опфатени содржини од поважните активности за време на првите 100 дена од стапувањето на функција на новиот градоначалник Тимчо Муцунски. бт/сп/

Остани поврзан