• петок, 05 декември 2025

Општина Штип го распиша конкурсот за доделување на признанието „8 Ноември“

Општина Штип го распиша конкурсот за доделување на признанието „8 Ноември“

 

Штип, 6 октомври 2025 (МИА) - Општина Штип распиша Конкурс за доделување на признанието „8 Ноември“ за 2025 година, кое традиционално се доделува како знак на признание за исклучителни достигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на градот, се вели во денешното соопштение од Општина Штип.

Во него се објаснуваат условите за учество на Конкурсот, во кои се објаснува кој сè може да поднесе предлог и под кои услови. 

- Признанието е наменето за физички и правни лица од Штип и пошироко, кои во текот на изминатата година придонеле за напредок на општествениот живот во различни области – како што се стопанството, науката, културата, спортот, уметноста, хуманоста и други. Секој предлог треба да биде соодветно образложен и придружен со кратка биографија на кандидатот, како и со целосни податоци за предлагачот, се вели во писменото соопштение од Општина Штип.

Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на награди при Општина Штип, на ул. „Васил Главинов“ бб, или во архивата на Општина Штип. вдј/ир/

Фото: МИА 

Остани поврзан