• среда, 27 ноември 2024

Општина Центар ќе ангажира самохран татко на две деца за одржување на хигиената

Општина Центар ќе ангажира самохран татко на две деца за одржување на хигиената
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) - Општина Центар информира дека од утре во општинските служби за одржување на хигиената ќе ангажира самохран татко на две малолетни деца затоа што, како што наведува во соопштение, е инклузивна и општествено-одговорна општина која се грижи и им помага на сите граѓани. - Градоначалникот Горан Герасимовски денеска во својот кабинет го прими нашиот сограѓанин Денис и неговите деца. Денис е татко на две малолетни деца и живее во Општина Центар. Денис досега немаше редовни примања, а со неговото семејство се корисници на редовната помош, која Општина Центар ја доделува на семејства со висок социјален ризик секој месец, во соработка со невладината Банка за храна. Од утре Денис ќе биде ангажиран во општинските служби за одржување на хигиената, со што нему и на неговото семејство им се овозможува пристоен живот и подобрување на условите во кои моментално живеат, соопшти Општина Центар. По средбата, градоначалникот Герасимовски изјави дека негова обврска е да им помага на граѓаните, со цел да се зголеми квалитетот на живот за сите граѓани во општината. хс/лв/

Остани поврзан