• сабота, 23 ноември 2024

Општина Центар стана дел од платформата „Паметен град“ на Град Скопје

Општина Центар стана дел од платформата „Паметен град“ на Град Скопје
Скопје, 19 април 2021 (МИА) - Општина Центар се приклучи на останатите 10 општини на градот Скопје, кои заедно ќе се вклучат во реализација на платформата Паметен Град, проект кој ќе помогне Скопје да стане технолошка современа метропола, информираат од општината. Како што велат од општината, на последната, 63-та седница на Советот на Општина Центар, меѓу останатите точки, се изгласала и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реализација на платформата за паметно осветлување и дигитален град - Smart city (Паметен Град). Одлуката била излгасана на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ. Паметниот град, преку таканаречени паметни столбови, ќе обезбеди систем за паметно осветлување на цела територија на Град Скопје и во Општина Центар, со чие поврзување, како што велат, ќе се придонесе кон носењето на подобри локални одлуки од страна на локалните власти и ќе го подобри квалитетот на живеење на жителите. Проектот ќе се реализира во наредните три години, а средствата за платформата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2021-ва, 2022-ра и 2023-та година. ар/лв/

Остани поврзан