• недела, 22 декември 2024

Општина Центар собра 901.768 денари за лекување на Леонид Индов

Општина Центар собра 901.768 денари за лекување на Леонид Индов

Скопје, 3 јануари 2024 (МИА) - Општина центар, со детската хуманитарна програма, собра 901.768 денари за лекување на младиот Леонид Индов.

Како што известуваат од општината, општинските градинки и училишта, пред Новата година, организирале низа добротворни базари проследени со музички точки и претстави, на кои граѓаните донираа за Лео.

 

 - Средствата собрани на овие предновогодишни хуманитарни приредби, што се одржаа во Рамстор, веќе се уплатени на сметката за лекување на Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци, велат од општината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, апелира до сите граѓани да се приклучат во ваквите хуманитарни акции.

- Хуманоста сите не сплоти. Со помош на нашите млади уметници и настапите на Златните славејчиња, помогнавме Лео да продолжи со лекувањето. Упатувам апел до сите наши сограѓани да се приклучат кон ваквите акции и да помогнат, порача Герасимовски.

Општина Центар се заблагодарува на сите кои беа дел од оваа голема хуманитарна акција, а пред се на децата, наставниците и родителите кои покажа дека со сплотеност и солидарност во срцата може да се помогне таму каде што е најпотребно. сан/нд/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан