• понеделник, 23 декември 2024

Општина Центар и „Макпетрол“ потпишаа Меморандум за соработка за кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“

Општина Центар и „Макпетрол“ потпишаа Меморандум за соработка за кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Општина Центар и компанијата „Макпетрол“ потпишаа Меморандум за соработка за кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ кој опфаќа предавања и дискусии на темата булинг и раното препознавање на врсничкото насилство меѓу основните од сите осум училишта во општината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, неодамна и јавно ја поддржа кампањата каде порача дека булингот е проблем кој може да донесе сериозни социолошки и психолошки последици и поради тоа бара сериозен пристап за негово решавање.

 - Врсничкото насилство е сериозен проблем за кој ние како локални самоуправи под чија надлежност се основните училишта имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за поголема безбедност на децата во образовните установи. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството. Затоа, Општина Центар ја подржува оваа кампања на Макпетрол со цел да ги доближи до учениците знаците на врсничко насилство и да ги охрабри учениците да зборуваат и да ги пријават, истакна Герасимовски и упати порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи, како што рече,  тоа е најдобриот начин да ги заштитиме.

- Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, изјави тој.

Како дел од кампањата компанијата „Макпетрол“ испечати едукативен материјал на темата за учениците од шесто до деветто одделение. Но покрај ова, учениците ќе имаат можност да разговараат и да добијат совети од стручни лица, психолози што работат на проблематиката, со цел подобро да се запознаат со значите за булинг.

 - Ако се знае колку распространет е проблемот со врсничкото насилство и како тој им влијае на децата, оваа кампања се обраќа на целата наша заедница. Секој којшто сака, односно има желба да се вклучи во оваа кампања, може да го стори тоа преку каналите на социјалните мрежи, но и директно воспоставувајќи контакт со нас. Сите што се заинтересирани да дадат свој придонес во овој општествено одговорен и едукативен проект, се добредојдени тоа да го направат. Ние ќе ја дадеме потребната поддршка, без разлика дали се работи за образовни или за други институции. Како што докажува примерот со Општина Центар, отворени сме заеднички да работиме за да дојдеме до квалитетни и долгорочни решенија на проблемот со врсничкото насилство, изјави Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

Општина Центар се грижи за здравјето и иднината на учениците затоа дава учество во кампањата, воедно ги повикува и учениците но и родителите и стручните служби да ја посетат платформата https://kreniglas.mk, на која има интерактивни содржини и можност за анонимно споделување искуства со булингот. Воедно, Општина Центар потсетува дека одговорноста е кај сите затоа да се има будност и брза реакција за овие појави со цел да се избегнат евентуалните последици. сан/дма/

 

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан