Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик - Славко
- Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик - Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба. Со полагање свежо цвеќе, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит, се наведува во соопштението од Општина Центар, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 14 јануари 2026
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик - Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба. Со полагање свежо цвеќе, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит, се наведува во соопштението од Општина Центар, што МИА го објавува интегрално.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.
Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.
Фото: Општина Центар