• понеделник, 23 декември 2024

Општина Центар го надградува ГИС порталот

Општина Центар го надградува ГИС порталот
Скопје, 3 септември 2021 (МИА) – Општина Центар го надградува и усовршува порталот на Географскиот информациски систем. Од Општината информираат дека со последните надградби порталот ќе има можност да покрие и дополнителни области, како модули за преглед на податоци од областите на градежното земјиште, комуналната инспекција и инспекцијата за животна средина, од урбаното зеленило, легализацијата на бесправните објекти, основното образование, урбаното планирање, паркинзите и модул за урбаната опрема. Компанијата ИНС (Intelligent Network Solutions), која го изработува ГИС порталот ги презентираше последните надградби на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и на општинските служби. Од Општината додаваат дека со овој чекор ќе се олесни пристапот на жителите до податоци, услуги и сервиси што ги нуди општината. ГИС системот досега се користеше за процедурите од областа на урбанизмот, односно издавање на изводи од ДУП-ови, а физичките и правните лица имаа можност преку веб-страницата на Општината и ГИС порталот сами да пристапат до геолокациите од нивен интерес. ки/са/

Остани поврзан