Општина Тетово ја заврши реконструкцијата на улицата „Јадранска“
- Заврши реконструкцијата на улицата „Јадранска“ во Тетово, па денес градоначалникот Биљал Касами го промовираше проектот во кој се опфатени и други активности кои како целна група ја имаат ромската заедница.
Тетово, 20 декември 2023 (МИА) – Заврши реконструкцијата на улицата „Јадранска“ во Тетово, па денес градоначалникот Биљал Касами го промовираше проектот во кој се опфатени и други активности кои како целна група ја имаат ромската заедница.
Дел од проектот е и изградба на фекална и атмосферска канализација за улицата „Прохор Пчински“ и активности за едукација на група на возрасни луѓе од ромската заедница.
-Со тоа покажуваме дека работиме во сите делови на градот, работиме за сите заедници, за сите граѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност, но со посебно внимание на граѓаните од ромската заедница затоа што тие биле едни од граѓаните во Општина Тетово кои биле запоставени. Затоа ние преку Проектна единица за ромската заедница и другите маргинализирани групи во рамки на Општина Тетово и понатаму ќе продолжиме да посветуваме посебно внимание на нашите граѓани од ромската заедница кои биле едни од најдискриминираните во минатото. Ова покажува дека работиме посветено за сите наши граѓани, за тоа што не е направено во минатото на некој начин да го надополниме и да создадеме соодветно услови за живот во сите делови на нашата општина и за сите наши граѓани, изјави Биљал Касами.
Обновата на улицата „Јадранска“ почна на почетокот на овој месец, додека работите на улица „Прохор Пчински“ почнаа минатата недела. За реализација на проектот соработуваат Општина Тетово, американската организација за меѓународен развој УСАИД и програмата „Ромалитико“. ас/ир
Фото: МИА