• понеделник, 25 ноември 2024

Општина Тетово објави листа со 812 договори на дело склучени од поранешната гарнитура

Општина Тетово објави листа со 812 договори на дело склучени од поранешната гарнитура
Тетово, 8 февруари 2022 (МИА) - Општина Тетово на својата веб страница објави листа со 812 договори на дело за кои тврди дека се помеѓу физички лица и поранешната локална власт. Од таму велат дека ваквиот тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој месец на веб страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук. -Општина Тетово, заложувајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година. Се работи за вкупно 812 договори на дело.  Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната локална власт. На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние, пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известување за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави, информираат од Општина Тетово. Минатата година Општината на билборди низ градот ја објави и сумата од 24 милиони евра кои ги должи општината.ас/вј/

Остани поврзан