• понеделник, 23 декември 2024

Општина Тетово ги ослободува паркинг местата од оставени хаварисани возила

Општина Тетово ги ослободува паркинг местата од оставени хаварисани возила
Тетово, 14 февруари 2022 (МИА) - Општина Тетово информираше дека е започнат процес во кој ќе се отстрануваат хаварисани возила кои подолг период стоеле на паркинг места.  Според нив, на овој начин ќе се зголеми бројот на нови места за паркирање. -Оваа акција е и една од точките на 100 дена владеење со општина Тетово на градоначалникот Билал Касами. Ги повикуваме сите граѓани да пријават вакви случаи со единствена цел да ги ослободиме паркинг местата кои се зафатени од стари и хаварисани возила, соопштија од Општина Тетово. Во јануари градоначалникот на Тетово Биљал Касами на прес-конференција презентираше план за проширување и зголемување на паркинг местата во градот. Според Касами, Тетово од сега постоечките 640 паркинг места ќе добие вкупно 3.730 паркинзи. Овој план ќе се реализира во пет фази во текот на 2022. Освен нови места за зонско паркирање, предвидена е изградба и на катни гаражи. ас/аа/

Остани поврзан