• недела, 22 декември 2024

Општина Солун отвори дигитална платформа за вдомување бездомни животни      

Општина Солун отвори дигитална платформа за вдомување бездомни животни      
Атина, 18 февруари 2021 (МИА) – Општина Солун, на официјалниот сајт, отвори дигитална платформа за вдомување бездомни животни, која во првата фаза ќе работи пилотски, јави дописничката на МИА од Атина. -Општина Солун бара дом за секое бездомно животно. Многу животни без размислување, се напуштаат на улица и секојдневно се борат за преживување. Да ги отвориме нашето срце и нашиот дом за едно од овие. Вдомувањето спасува животи, бидејќи е чин на љубов, пишува на дигиталната платформа. Процесот започнува со период од две седмици за прилагодување, по што следи и официјалното вдомување. ср/

Остани поврзан