• понеделник, 23 декември 2024

Општина Пласница ќе добие 59 големи и 258 мали пластични контејнери

Општина Пласница ќе добие 59 големи и 258 мали пластични контејнери
Кичево, 7 март 2022 (МИА) - Општина Пласница ќе добие 59 големи пластични контејнери со зафатнина од 1100 литри и 258 пластични контејнери од 120 литри, наменети за домаќинставата и правните лица, додека дел ќе бидат поставени на јавни површини во четирите населени места во општината Од Центарот за развој на Југозападен плански регион информираат дека за оваа потреба наменети се 960.000 денари. Посочуваат дека овие контејнери ќе бидат наменети за собирање и селектирање на комунален отпад во Општина Пласница. - Со проектот финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој за 2021-2022 година, за Општина Пласница обезбедени се 59 големи пластични контејнери од 1100 литри и 258 контејнери од 120 литри, наменети за домаќинствата и правните лица а дел ќе бидат поставени на јавните површини во сите населени места во општината, потенцираат од Центарот. Активноста е дел од проектот „Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти и намалување на загадувањето на животната средина во Југозападниот плански регион“ кои Центарот за развој ги имплементира во соработка со општините-партнери Пласница, Македонски Брод, Кичево, Дебрца и Дебар и ГО „Мобилност“.за/фф/

Остани поврзан