• петок, 17 мај 2024

Општина Охрид со апел жителите на Љубаништа и посетителите отпадот да го фрлаат во контејнери

Општина Охрид со апел жителите на Љубаништа и посетителите отпадот да го фрлаат во контејнери
Охрид, 21 јули 2022 (МИА) - Празни контејнери и мини депонии во и околу селото Љубаништа затекнале комуналните инспектори од Општина Охрид, при направените контроли на терен. Од Општината апелираат до мештаните и туристите во село Љубаништа во иднина да водат поголема грижа за јавната чистота и повеќе да не го фрлаат комуналниот отпад на јавни површини и со тоа да прават диви мини депонии. - Отпадот да го одлагаат во контејнерите, кои уредно се поставени на површина предвидена за таа намена, а чиј број периодов е зголемен од два на пет. Во спротивно, доколку надлежните инспекциски служби и во иднина утврдат фрлање отпад на несоодветно место, сторителите ќе бидат казнети согласно Законот, соопшти општинската прес-служба.сс/бт/

Остани поврзан