• понеделник, 23 декември 2024

Општина Охрид и Филозофскиот факултет од Скопје потпишаа меморандум за соработка

Општина Охрид и Филозофскиот факултет од Скопје потпишаа меморандум за соработка
Охрид, 14 април 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и деканот на Филозофскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Ратко Дуев, денеска во Охрид потпишаа меморандум за соработка. Со меморандумот, како што соопшти Општина Охрид, дефинирани се целите на идната соработка меѓу Општината и Филозофскиот факултет. Двете институции се обврзаа на размена на информации, знаења и искуства, обезбедување квалитетни деловно стручни услуги, како и учество, соработка и реализација на заеднички проекти, настани за промоција и заштита на културното наследство. Реализацијата на зацртаните цели ќе се спроведува преку практична работа на студентите, заедничко организирање на научни и студентски конференции, обуки, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини. сс/мс/

Остани поврзан