• понеделник, 01 јули 2024

Општина Неготино ќе исплати еднократна помош од по 20 илјади денари за лица со попреченост

Општина Неготино ќе исплати еднократна помош од по 20 илјади денари за лица со попреченост
Неготино, 18 ноември 2022 (МИА) - Општина Неготино ќе исплати еднократна помош од по 20 илјади денари за лица со попреченост, информираше денеска градоначалникот Горан Стојанов. - На мој предлог како градоначалник на Општина Неготино, советниците во Советот на општината на последната седница ја усвоија одлуката, за одобрување на еднократна парична помош, на лицата со попреченост на подрачјето на нашата општина. Имено, согласно одлуката, ќе се врши исплата на еднократна парична помош во нето паричен износ од по 20.000 денари, а исплатата ќе биде со средства во висина од 2.460.000 денари, од буџетот на Општина Неготино, соопшти Стојанов. Помошта ќе им се одобрува на лица коишто имаат попреченост во менталниот или телесниот развој, а мерката ги опфаќа категориите на лица со интелектуална попреченост, со пречки во телесниот развој, со аутизам, потполно слепо и потполно глуво лице. Едократната помош ќе се одобрува врз основа на податоци добиени од страна на Министерството за труд и социјална политика – Меѓуопштински центар за социјални работи Неготино. свд/аа/  

Остани поврзан