• сабота, 23 ноември 2024

Општина Маврово и Ростуше ги повика граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2023 година

Општина Маврово и Ростуше ги повика граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2023 година
Дебар, 17 ноември 2022 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше ја продолжува востановената практика граѓаните да учествуваат во процесот на изработка на Нацрт-буџетот за 2023 година. За да учествуваат во процесот на креирање на општинскиот буџет за следната година и да се лоцираат средствата согласно нивните потреби, објавен е повик кој на жителите им овозможува да достават предлози од приоритетно значење. -Може да се јават сите заинтересирани субјекти, граѓани, месни заедници, бизнис секторот и граѓанските организации да достават предлози кои ќе бидат опфатени во буџетот за 2023 година. Ќе бидат добредојдени со цел средствата да бидат насочени кон она што е најпотребно, изјави за МИА градоначалникот Медат Куртовски кој однапред искажува благодарност за соработката на овој план. Општината креираше прашалник преку кој граѓаните може да учествуваат во утврдување на приоритетите во повеќе области. Предлози ќе се доставуваат до средината на следниот месец. Според Куртовски, изработката на Нацрт – буџетот за 2023 година е почната согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. вт/сст/  

Остани поврзан