• понеделник, 18 ноември 2024

Општина Липково преку ИПА 2 Програмата добива камион за смет, 850 канти и 10 контејнери

Општина Липково преку ИПА 2 Програмата добива камион за смет, 850 канти и 10 контејнери
Скопје, 14 април 2022 (МИА) - Во рамки на проектот „Помалку ѓубре, помалку ризици, повеќе здравје“ преку ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија, во Општина Липково набавен е камион за собирање и транспорт на цврст отпад, канти и 10 контејнери. Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски истакна дека преку овој проект спроведени се и активности за подигнување на свеста преку јавни дебати и промотивен материјал, - Општина Липково во партнерство со Јавното претпријатие „Моравица“ од Прешево, Република Србија потпишале договор за грант во вкупен износ од 253,762 Евра кои 85 отсто од средствата се финансираат од Европската унија и 15 проценти од кофинансирањето се врши преку Министерството за локална самоуправа. Преку овој проект освен возило за собирање на смет со капацитет од 4-6 метри кубни, 10-те контејнери со капацитет од 1100 литри, и 850-те канти за смет со капацитет од 120 литри, набавена е и ГИС (GPS) платформа за поефикасно собирање на смет, појасни Милевски. Валдете Рамадани, директорката на ЈКП Липково рече дека се среќни што преку проектот за потребите на општината и претпријатието со набавката на опремата ни се овозможија подобри услови за работа. За проектот од Општина Липково се издвоени 131.747 евра, од ЕУ 111.721 евра и Министерството за локална самоуправа 20.025 евра, а директни корисници на проектот се повеќе од 500 домаќинства или 2.000 жители од руралните подрачја на двете општини. - Уверен сум дека ќе имаме уште многу проекти преку ИПА 2 Програмата за прекуграничната соработка во кои како општина земаме активно учество секоја година, истакна градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи.фф/са/

Остани поврзан