• среда, 27 ноември 2024

Општина Куманово ќе гради четири спортски игралишта

Општина Куманово ќе гради четири спортски игралишта
Куманово, 6 јули 2021 (МИА) - Општина Куманово ќе гради дополнителни четири спортски игралишта, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски. Средствата за изградбата на игралиштата се предвидени со ребалансот на буџетот. - Останатите делови на ребалансот на буџетот се однесуваат за инфраструктурни проекти, ќе се градат дополнително четири спортски игралишта во основни училишта во Пчиња, Агино село, Романовце и кај училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ со современи тартан подлоги, современи игралишта како што изградивме на другите локации. Дополнително некаде околу 20-ина улици на територија на општина Куманово ќе има градба и во руралните и урбано рурални населби, изјави Димитриевски. Претходно, со ребалансот беа одвоени 1,5 милиони денари за субвенциониран превоз за пензионерите. Изминатава година, општината вложи средства за изградба на спортски игралишта во три средни училишта гимназијата „Гоце Делчев“ и во стручните средни „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“, а дополнително се изградија игралиштата кај локалитетот „Кошеви“ кај основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“ и во Долно Којнаре. Владата, пак преку Агенцијата за млади и спорт вложи средства за изградба на игралиштето во спортскиот комплекс Соколана. ам/цр

Остани поврзан