• среда, 25 декември 2024

Општина Куманово објави повик за вклучување невработени лица во општинско-корисна работа

Општина Куманово објави повик за вклучување невработени лица во општинско-корисна работа
Куманово, 4 јуни 2022 (МИА) - Општина Куманово денеска објави повик до евидентираните невработени лица за вклучување во програмата општинско – корисна работа во рамки на проектот „Креирање можности за работа за сите 2“. Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и договорот за соработка од програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Куманово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија. Невработените лица ќе бидат ангажирани три месеци со скратено работно време, при што нивниот статус ќе остане непроменет, корисниците на паричен надоместок и на правото на гарантирана минимална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно претходно оствареното право. Ангажираните ќе добијат надоместок од 9.000. денари бруто износ со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. - Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во програмата треба да припаѓаат на неколку категории целни групи невработени лица, лица припадници на ромската етничка заедница, жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници, млади лица до 29 години, долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), лица постари од 50 години, лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, самохрани родители, родители на деца со попреченост во развојот, родители на три и повеќе деца, лица со незавршено средно или пониско образование, информираат од општината. Тие ќе имаат право да конкурираат за четири асистенти кои ќе пружат за услуги за стари и изнемоштени лица Роми, два фасилитатори кои ќе имаат надлежности за информирање, советување и мапирање на ранливи категории на граѓани за пристап до услуги за проблемите и потребите на маргинализираните групи на граѓани во Општина Куманово. Меѓу работните позиции се и еден асистент ангажирани за услуги за стари и изнемоштени лица Роми, и четири асистенти за набавка на продукти на храна за домаќинство, набавка на лекови, одржување на лична хигиена и хигиена во домот, обврски околу плаќање на режиски трошоци, посета на лекар. Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата Општинско-корисна работа можат да поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување-Куманово во периодот до 7 јуни годинава. ам/дма/

Остани поврзан