• понеделник, 23 декември 2024

Општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир за 2020 година

Општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир за 2020 година
Куманово, 29 септември 2020 (МИА) - Општина Куманово денеска објави повик за избор на сувенир на општината и ги покани заинтересираните правни и физички лица да се пријават. Заинтересираните треба да понудат сувенир кој ќе ги отсликува одликите на градот и околината.
Тие со автентичните трудови треба да придонесат кон креирањето на производ што ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.
Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде приспособен за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот.
За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други. Крајниот рок за доставување на сувенирот е 20 октомври, годинава. Наградата изнесува 30.000 денари без ДДВ.
Добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово.
Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција, опис на материјалот од кој е изработен сувенирот и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари без ДДВ, треба да се достави во затворен плик (кутија) на адресата на општината. Комисијата по крајниот датум за 15 дена ќе избере чиј труд ќе ја добие наградата.ам/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан