• недела, 22 декември 2024

Општина Кочани лани заштедила над 23 милиони денари од трошоците за јавно осветлување

Општина Кочани лани заштедила над 23 милиони денари од трошоците за јавно осветлување

Кочани, 23 мај 2024 (МИА) – Позитивна разлика од над 23 милиони денари остварила Општина Кочани во текот на мината година од приходите во однос на трошоците за јавното осветлување во градот и населените места.

Во текот на 2023 година од физичките и правните лица врз основа на комуналниот надоместок за јавно осветлување биле наплатени нешто повеќе од 34,4 милиони денари. Околу една третина од овој износ, односно близу 11 милиони денари веќе се исплатени за потрошената електрична енергија.

- Од вкупно остварените приходи, близу 1,5 милион денари во бруто износ се наменети за набавка на материјали и работна рака за тековно одржување на уличното осветлување, а уште околу 700 илјади денари беа предвидени за трошоците за исклучување и вклучување на дрвените и бетонски столбови на јавно улично осветлување, но овие суми сè уште целосно не се исплатени. Над 326 илјади денари се потрошени за изградба на новото улично осветлување во дворот на ОУ „Никола Карев“ и на кружниот тек на улиците „Стево Теодосиевски“ и „Димитар Влахов“ во Стришани, се истакнува во годишниот извештај на програмата за јавно осветлување на Општина Кочани.

На територијата на градот и населените места во општината, како и на планинскиот рекреативен центар Пониква инсталирани се над четири илјади арматури со ЛЕД светилки, што обезбедуваат поголема заштеда на електрична енергија.

Остварената позитивна разлика меѓу приходите и трошоците во текот на оваа година ќе бидат искористени за склучување договори за изградба на ново улично осветлување при изградба на улици и кружни текови, како и за тековно одржување на постојното јавното осветлување. та/ир

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан