• сабота, 06 јули 2024

Општина Кочани влезе во европската мрежа Beyond the Urban за соработка

Општина Кочани влезе во европската мрежа Beyond the Urban за соработка

Кочани, 1 ноември 2023 (МИА) – Со проектот „Зад урбаното“ Општина Кочани влезе во европската мрежа за соработка Beyond the Urban која ја предводи шпанската агенција Creacció. Таа обединува 10 европски општини и региони кои меѓусебно ќе работат за подобрување на урбано-руралната мобилност.

Главната цел на мрежата, одобрена од Одборот за мониторинг на европската програма URBACT IV, е да развие акциски планови за мобилност помеѓу руралните области и урбаните центри на градовите и териториите учесници, во кои ќе бидат вклучени локални актери од администрацијата, бизнисот, универзитети и граѓаните.

-Соработката ќе се реалзира преку тестирање и имплементација на одржливи, достапни и интегрирани решенија за мобилност, со фокус на интермодалност, управување на повеќе нивоа, инклузија, родова еднаквост и дигитални алатки. Дополнително, проектот ќе овозможи финансирање на мали пилот-акции за тестирање на конкретни и иновативни решенија во регионот. Покрај Кочани, мрежата ја сочинуваат областа Осона во Шпанија, како и градовите Брам во Франција, Букурешт во Романија, Храдец Кралове во Чешка, Мачико во Португалија, Санта Марија да Феира во Португалија, Саболч во Унгарија, Тарту во Естонија и Тревизо во Италија, истакнаа од Општина Кочани.

Во рамки на активностите на Beyond the Urban, во работна посета на Кочани присуствуваа претставник од лидер-партнерот и експерт на мрежата, при што се запознаа со начинот на функцинирање и ракводството на локалната самоуправа, а имаа и средба со граѓани. Целта беше да ја согледаат состојбата во општината, предизвиците со кои таа се соочува, како и нејзините позитивните практики.

Во текот на две и пол години, сѐ до декември 2025 година, партнерите во мрежата ќе разменуваат искуства, ќе ги развиваат своите вештини и ќе активираат сеопфатни акциски планови за соочување со нивните локални предизвици. та/дма/

 

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан