Општина Кисела Вода: Тридневниот новогодишен карван стартуваше од Драчево, финализира во Расадник
- Дедо Мраз со својата кочија придружуван од голем број распеани дечиња утрово го започна своето Новогодишно патување низ општина Кисела Вода. Првата станица му беше Паркот на бранителите, а потоа се дружеше со дечињата кои ги сретна низ улиците во Драчево, како и во градинките каде дечињата добија пакетчиња. Финалната дестинација за денес му беше во градинката Пеперутка, каде со песна и приредба го пречекаа огромен број на дечиња.
27 декември 2023
Дедо Мраз со својата кочија придружуван од голем број распеани дечиња утрово го започна своето Новогодишно патување низ општина Кисела Вода. Првата станица му беше Паркот на бранителите, а потоа се дружеше со дечињата кои ги сретна низ улиците во Драчево, како и во градинките каде дечињата добија пакетчиња. Финалната дестинација за денес му беше во градинката Пеперутка, каде со песна и приредба го пречекаа огромен број на дечиња. Настанот кој е во организација на Општина Кисела Вода продолжува утре во повеќе населби од централниот дел на општината. Започнува пред Домот на култура “Билјана Беличанец”, поминува низ улиците, парковите, градинките и училиштата. Финалето од тридневниот Новогодишен карван ќе се одвива во паркот во Расадник. Во петок, на 29 декември, во 12 часот големиот хепенинг почнува со детска претстава, а во 12:40 со свој концерт ќе настапат „Поточиња“. Во 13:30 публиката ќе ја забавуваат Сара Мејс и „Данса Латина Стефи“ со заеднички настап, а во 13:45 е закажан настапот на Пајак и Лара.
На крајот од хепенингот, Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите деца.
Настанот има хуманитарен карактер. На штандовите поставени во паркот ќе се продаваат новогодишни изработки, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за лекување на младиот Леонид Индов кој настрада во несреќен случај.
Општина Кисела Вода
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Општина Кисела Вода