• понеделник, 23 декември 2024

Општина Кисела Вода обезбеди донација за струја за социјално-загрозените семејства

Општина Кисела Вода обезбеди донација за струја за социјално-загрозените семејства

Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства.

-Обезбедената донација е наменета токму за оние на кои во моментов имаат најголема потреба од помош. Таа е во износ од 1.200.000 денари, односно по 100.000 денари во текот на дванаесет месеци. Општина Кисела Вода во наредните денови ќе објави јавен повик на кој ќе можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители. Апликантите ќе бидат разгледани од повеќечлена комисија, а изборот ќе биде направен така што ќе може да се опфати што поголем дел од ранливите категории, соопшти Општина Кисела Вода. 

Ова е уште еден од чекорите кои Општина Кисела Вода ги презема во насока на намалување или ублажување на сиромаштијата. 

Во рамки на проектот „Храна за сите“, во неколку наврати беа и ќе бидат обезбедени хуманитарни пакети за економски немоќните семјества, а од септември финасиска поддршка на домашниот буџет ќе имаат и сите семејства кои имаат првоодделенци. 

Преку проектот „Ранче за секое прваче“ ќе биде обезбедена бесплатна чанта, тетратки и прибор за запишаните првачиња во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода. мд/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан