• сабота, 21 декември 2024

Општина Карпош: Субвенции за 50 проценти од трошокот за ужинки за основците

Општина Карпош: Субвенции за 50 проценти од трошокот за ужинки за основците
Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) - Општина Карпош ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за ужинки за основците кои посетуваат настава со физичко присуство. На овој начин, велат од Општината, ќе се покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот/старателот. Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за учебната 2021/2022. Оваа одлука, како што информираат од Општина Карпош, била донесена на вчерашната седница на Советот на Општината. Вкупната вредност на мерката за субвенционирање на ужинките е 3.600.000 денари. И во услови на пандемија, кога наставата се одвива под посебни протоколи, основната цел на локалната самоуправа, како што нагласуваат од Општина Карпош, е да биде поддршка на учениците, родителите, наставниот и административно – техничкиот кадар во училиштата. сст/мч/  

Остани поврзан