• недела, 07 јули 2024

Општина Зрновци обезбеди 6,5 милиони денари за изградба на нов спортски комплекс

Општина Зрновци обезбеди 6,5 милиони денари за изградба на нов спортски комплекс
Кочани, 28 септември 2022 (МИА) – Општина Зрновци обезбеди 6,5 милиони денари за изградба на нов спортски комплекс, на местото на постојното земјено игралиште во селото Мородвис. Според изготвениот технички проект, ќе се уреди корисна површина од околу две илјади квадратни метри, на која е планирана изградба на терен за мал фудбал и мултинаменско игралиште за кошарка, одбојка и други спортови. - Со изготвената проектна документација аплициравме до една од странските амбасади во нашата држава, по што добивме позитивен одговор дека целосно е прифатена и одобрена за финансирање. Ќе добиеме нов модерен спортско-рекреативен центар, а ќе има и придружни содржини, како детско игралиште и парк за рекреација на граѓаните. Целиот простор ќе биде ограден, ќе се инсталираат столбови со ЛЕД осветлување, клупи, мали трибини и придружна комунална опрема, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци. Новиот спортски комплекс е во непосредна близина на подрачното училиште „Синиша Стоилов“ во Мородвис, со што ќе можат да се користи за изведување на наставнмите содржини. Се планира градежните активности да почнат напролет. та/цр

Остани поврзан