• понеделник, 23 декември 2024

Општина Желино доби специјализирано возило-ровокопач, донација од амбасадата на Јапонија

Општина Желино доби специјализирано возило-ровокопач, донација од амбасадата на Јапонија
Тетово, 26 октомври 2022 (МИА) - Во Општина Желино денеска амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада присуствуваше на церемонијата за комплетирање на проектите од програмата за мали грантови (GGP) со што оваа локална самоуправа обезбеди Возило-ровокопач со вредност од 64.158 евра кое го користи Општина Желино е обезбедено преку програма за мали грантови при амбсадата на Јапонија. Денеска амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори присуствуваше на церемонијата за комплетирање на проектот. -Откако почнавме со употреба на новиот ровокопач, спроведовме многу активности од големо значење за нашата општина и саниравме многу дефекти во водоводната и канализациската мрежа, изјави градоначалникот Сејди. Во текот на посетата, амбасадорот Савада со градоначалникот Сејди и директорот на јавното комунално претпријатие Суад Алили разговараа за можностите за идна соработка. -Драго ми е дека во текот на изминатите шест месеци, со ровокопачот се извршија многу активности во општината, како што се чистење на депонии, речни корита и патишта, изјави амбасадорот Савада. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина. ас/ки/

Остани поврзан